Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шведскиот премиер Кристерсон ќе ја посети Унгарија пред гласањето во НАТО

Шведскиот премиер Улф Кристерсон ќе ја посети Будимпешта в петок пред планираното гласање во унгарскиот Парламент следната недела за ратификација на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, соопшти неговиот кабинет.

Унгарија е единствената членка на Алијансата кој се уште не го одобрила барањето на Стокхолм за приклучување, но владејачката партија Фидес предложи прашањето да се стави на гласање следниот понеделник и најави дека ќе ја поддржи кандидатурата за членство на скандинавската земја. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира