На Светското првенство во Мексико, САД и Канада се јави и првиот прв сериозен спор надвор од теренот откако ФИФА започна истрага за контроверзен гест на еден од судиите за време на натпреварот помеѓу Германија и Курасао.
Фокусот беше насочен кон австралискиот судија Шон Еванс, кој беше дел од ВАР тимот на натпреварот одигран во Хјустон.
За време на емитувањето пред почетокот на натпреварот помеѓу Германија и Курасао, камерите го забележаа моментот во кој Еванс погледна директно во камерата и со раката направи превртен знак „ОК“.
Иако овој гест најчесто се користи како знак на одобрување или потврда дека сè е во ред, тој предизвика многу контроверзии во последниве години поради тоа што некои крајно десничарски групи го користат како симбол на белата супериорност. Поради ваквите толкувања, ФИФА одлучи да ги истражи околностите на инцидентот.
