Скандал: Разоткриена мрежата на ВМРО-ДПМНЕ за предизборни манипулации и измами

Скриншот од објавата на ПорталХ за предизборните манипулации и измами на ВМРО-ДПМНЕ
Скриншот од објавата на ПорталХ за предизборните манипулации и измами на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарот Фуркан Салиу од Порталикс вечерва објави видео во кое приложи документ од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Во документот насловен како Оперативен план има се наведени одговорни лица за ширење лажни вести, а планот изработен кон крајот на 2023 година предвидува креирање на емисија два пати неделно за анализа на анкети на ИПИС на Владимир Божиновски.

Задолжени за спроведување на оваа активност, според Порталикс биле Шефот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галевски, сопственикот на ИПИС и директорот на јавниот сервис Марјан Цветковски.

Во првата епизода од неговото истражување, новинарот открива деталји од оперативниот план и начинот на кој работела од есента минатата година Македонската радиотелевизија и другите оперативци за ширење лажни вести и измами.

Според урнекот на предизборната пропагандистичката машинерија на #Груевски, овој пат во рацете на #Мицкоски, Фуркам и ПорталХ откриваат дека дел од предвиденото ќе се реализира преку Македонската радиотелевизија и преку емисијата „Објектив“.

Во видеото погледнете други детали околу овој скандал.

Треба да знаете
Moже да ве интересира