Три скопски улици утре попладне без вода поради санација на водоводната мрежа

Жителите на три скопски улици ќе останат без водоснабдување од утре попладне поради планирани зафати на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според најавата, утре од 18:00 часот на улицата „Никола Парапунов“ ќе се изврши санација на два затворачи со профил Ф400 мм и Ф500 мм, доколку бидат обезбедени потребните технички услови за изведување на интервенцијата.

Поради зафатот, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на улицата „Никола Парапунов“, дел од улицата „Разловечко Востание“ и дел од улицата „Вич“.

Од претпријатието информираат дека нормализирањето на водоснабдувањето се очекува околу 12:00 часот во сабота.

Во случај да не бидат исполнети техничките предуслови, интервенцијата ќе биде одложена за друг термин, додаваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Најчитано