Словенец го симнал и запалил знамето на Општина Прилеп

Полициски службеници од ОВР Прилеп привеле 43-годишен државјанин на Словенија, откако го симнал и го запалил знамето на Општина Прилеп поставено пред општинската зграда.

Според полицискиот билтен објавен на 11 јули, П.Ј. бил лишен од слобода во 1:05 часот пред зградата на локалната самоуправа.

Од Министерството за внатрешни работи не соопштија детали за причините за инцидентот, ниту дали осомничениот бил под дејство на алкохол или други супстанции.

По целосното документирање на случајот, против словенечкиот државјанин ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Најчитано