Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стејт департментот испрати сочувство до семејствата на загинатите мисионери на Хаити

 Американскиот Стејт департмент испрати сочувство до семејствата на убиените Американци на Хаити кои „поминуваат низ неверојатна жалост“. Убиени се тројца, меѓу кои и млада брачна двојка, ангажирани во добротворна мисионерска организација.

Како што претходно јавија дел од американските медиуми, Дејви (23) и Натали (21) Лојд, како и директорот на мисијата Џуд Монтис (45), биле нападнати од заседа на вооружена банда додека ја напуштале црквата во Порт о Пренс во четвртокот навечер. Смртта на двојката беше потврдена на Фејсбук од Бен Бејкер, татко на Натали и член на Сенатот на Мисури.

– По налог на претседателот, нашиот амбасадор на Хаити е во контакт со семејствата кои знаеме дека поминуваат низ неверојатна жалост, изјави во соопштение синоќа портпаролот Метју Милер.

Тој додаде дека американската амбасада е подготвена да даде соодветна конзуларна помош.

– За жал, ова е потсетник дека безбедносната ситуација на Хаити не може да чека – премногу невини животи се загубени, изјави тој.

„Во текот на посетата на кенискиот претседател Руто вчера, претседателот Бајден повторно ги истакна заложбите на Соединетите Американски Држави за поддршка за забрзно распоредување на мисијата Меѓународна безбедносна поддршка (МСС) предводена од Кенија, за зајакнување на националните полициски капацитети на Хаити за заштита на цивилите, обнова на владеењето на правото и да се поплочи пат за демократско владеење“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Тројцата убиени работеле за „Мисии во Хаити Инк.“ управувана од родителите на Дејви Лојд повеќе од две децении, се наведува на веб-страницата на оваа група.

Зачлени се на нашиот е-билтен