Земјоделците од Струмичкиот регион денеска со трактори и механизација го блокираа центарот на Струмица, пренесе порталот дрнка.мк.
Земјоделците се ревилтирани откако не добија решение за откупната цена на пиперката ајварка. Нивното главно барање е првата класа од оваа земјоделска култура да се откупува по цена од 50 денари за килограм.
,, Вчера министерот ни вети дека ќе издејствува повисока откупна цена. Доколку не добиеме цена прифатлива со која ќе ги покриеме производствените трошоци, ние од вторник повторно излегуваме на протести и блокади„, кажа Александар Грозданов преставник од Здружението Млади Муртино
Земјоделците трет ден протестираа и организираат блокади. За нив несфатливо е како лани мешаната прва и втора класа пиперки која оди за фабриките се откупувала за 35 и 40 денари а годинава за 25 денари.
Производителите посочуваат дека со актуелните откупни услови тешко можат да ги покријат трошоците за производство, особено имајќи ги предвид вложувањата во семенски материјал, обработка на земјиштето, заштита на насадите, наводнување и работна сила.
Пиперката е меѓу најзначајните земјоделски производи во Струмичко, а сезоната на откуп е од особено значење за голем број земјоделски семејства во регионот.
