Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Студен туш од Вебер од ЕПП за ВМРО-ДПМНЕ: Целосно да се почитува Преспанскиот договор и доследно да се користи името Северна Македонија

Манфред Вебер, претседател на ЕПП
Манфред Вебер, претседател на ЕПП

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба целосно да ги почитува обврзувачките одредби од Преспанскиот договор и доследно да го користи името Северна Македонија. Почитувањето на меѓународните договори е основен предуслов за нас како ЕПП. Во спротивно, Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати ова“, напиша претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, на платформата Икс.

Оваа порака пристигна од претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, наместо честитка за изборната победа до ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е прво огласување на Европската народна партија по изборните победи на претседателските и на парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од ова „семејство“ на партии од десниот центар во Европа.

Треба да знаете
Moже да ве интересира