Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Свечља: Заеднички гранични премини меѓу Косово и Северна Македонија, само една пасошка контрола

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, тврди дека од денеска Косово и Северна Македонија ќе имаат заеднички гранични премини, односно само една пасошка контрола.

Свечља на својот фејсбук-профил објави дека го потпишал договорот со кој ќе се овозможи воспоставување на заеднички гранични премини со Република Северна Македонија, на премините „Генерал Јанковиќ – Блаце“ и „Глобочица-Јажинце“.

Од денеска Република Косово и Република Северна Македонија имаат заеднички гранични премини. Имајќи ги предвид пријателските односи, засновани на вредностите на еднаквост и со цел зајакнување на регионалната соработка, денеска го потпишав договорот со кој ќе се овозможи воспоставување заеднички гранични премини со Република Северна Македонија, „Генерал Јанковиќ – Блаце“ и „Глобочица-Јажинце“, напиша Свечља на Фејсбук.

Овој договор, според косовскиот министер, „има за цел да ги поедностави процедурите и да го олесни движењето на луѓето и возилата“.

Граѓаните отсега ќе се легитимираат само на еден граничен пункт, напиша Свечља.

Извор (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира