Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Светлана Мојсов е добитничка на престижната награда Перл Мајстер Грингард за револуционерното откритие за лекување од дијабетес

Svetlana Mojsov (Chris Taggart/The Rockefeller University)
Svetlana Mojsov (Chris Taggart/The Rockefeller University)

Светлана Мојсов, чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е добитничка на наградата Перл Мајстер Грингард за 2024 година, соопшти Универзитетот Рокфелер.

Оваа награда е истакната меѓународна награда која им оддава признание на истакнати жени научници. Мојсов, научен вонреден професор во Рокфелер, ќе биде одликувана на церемонијата во кампусот на 17 април. Наградата ќе и биде врачена од писателката и натуралист Дајан Акерман, авторка на неколку бестселери на Њујорк Тајмс, меѓу кои и The Zookeeper’s Wife.

Иновативните методи и клучните сознанија на Мојсов доведоа до идентификација на пептид сличен на глукагон (GLP-1), цревниот хормон кој предизвикува панкреасот да лачи инсулин. Нејзините откритија се основата на револуционерните лекови наречени GLP-1 агонисти кои ја трансформираа клиничката грижа за дијабетес и дебелина. Примери за оваа класа на лекови вклучуваат Оземпик, Виктоза и Вегови.

Светлана Мојсов е ќерка на македонскиот државник и дипломат Лазар Мојсов, а започна да го истражува за дијабетесот во Универзитетот Рокфелер, како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд.

Зачлени се на нашиот е-билтен