Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Светските лидери ќе ја одбележат 80-годишнината од Денот Д

 Светските лидери од двете страни на Атлантикот денеска се очекува да присуствуваат на меморијалните настани во Франција по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија за време на Втората светска војна.

Пристигнувањето на трупите го означи почетокот на успешната кампања за ослободување на Европа од нацистичка Германија.

Меѓу највисоките лидери кои ќе присуствуваат ќе биде и американскиот претседател Џо Бајден, кој вчера пристигна во Франција. Се очекува да присуствуваат и францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и британскиот крал Чарлс Трети и членовите на холандското кралско семејство.

Како што пренесе ДПА, забележително ќе биде отсуството на рускиот претседател Владимир Путин, кој беше меѓународно изолиран откако нареди целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година и годинава не е поканет да учествува на комеморацијата оваа година.

Сојузничките трупи се истоварија на брегот на северна Франција на 6 јуни 1944 година, означувајќи го почетокот на ослободувањето на Франција и Западна Европа од нацистичката власт.

Операцијата Нептун – официјалното кодно име на истоварувањето во Нормандија – означи јасна пресвртница во војната. Денот Д, исто така, ќе биде запаметен по десетици илјади изгубени животи затоа што сојузничките војници кои се истоварија на брегот наидоа на жесток германски отпор.

Пред 80 години, повеќе од 150.000 војници тргнаа кон северна Франција од Портсмут во Британија. Сојузничките сили на Денот Д се состоеле главно од трупи од САД, Велика Британија, Канада, Полска и Франција.

Меморијалните прослави ќе се одржат на плажата Сен Лоран-сур-Мер, позната како плажата Омаха.

Зачлени се на нашиот е-билтен