Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите – 2 ноември, нагласи дека секоја физичка закана кон новинари треба да биде сериозно обработена од страна на МВР и другите истражни органи.
– Новинарите треба да претставуваат чувари на демократијата и вашето значење во рамки на едно демократско општество не треба да е спорно за никого затоа што кога имаме соодветен степен на слобода на говор, кога имаме истражувачко новинарство, кога имаме сигурни и безбедни новинари, кога имаме забрана за цензура во рамки на едно општество, така може да се надеваме дека ќе се качиме на скалилата кои што би требало да не доведат до едно нормално демократско општество. Секаков тип на закана физичка и вербална, особено кога е насочена кон новинари треба да има сериозен опфат во рамки на работењето на Министерството за внатрешни работи и во рамки на работењето на другите истражни органи во Македонија, рече Тошковски.