Односите меѓу Доналд Трамп и Џорџа Мелони повторно се најдоа во фокусот, откако американскиот претседател во интервју за италијанската телевизија „Ла7“ изјави дека италијанската премиерка го молела да се фотографира со неа на самитот на Г7.
Во емисијата „Арија ке тира“, Трамп веднаш го насочил разговорот кон Мелони, прашувајќи „како е вашата премиерка“. Потоа додал дека таа „веројатно е среќна“ што разговарал со неа.
„Не морав да разговарам со неа. Не знам што да кажам. Ме молеше да се сликам со неа. Толку многу сакаше фотографија со мене. Немаше да прифатам, но ми беше жал“, изјави Трамп.
Мелони остро ги демантираше неговите тврдења, нарекувајќи ги „целосно измислени“. Таа изјави дека е изненадена од коментарите на Трамп и го критикуваше неговиот однос кон традиционалните западни сојузници.
Италијанскиот министер Антонио Тајани пак, денескак соопшти дека ја откажува планираната посета на САД, каде што требаше да има средба со државниот секретар Марко Рубио. Тој ги оцени наводите на Трамп како навредливи.
