Тропски вирус аларм во Скопје, пациент со маларија завршил на Инфективна

Одмор на Занзибар заврши на Инфективна со маларија, откако пациент по враќање од патување во тропско подрачје добил висока температура и треска, по што веднаш се јавил на преглед. По направените испитувања, дијагнозата била потврдена, а пациентот е задржан на болничко лекување.

Како што објави 24, станува збор за пациент кој патувал во Занзибар, а по појавата на симптоми бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Пациентот се вратил од Занзибар и Танзанија, дека е под терапија и дека во моментов е во стабилна здравствена состојба.

Директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, за Телма изјави дека пациентот е стабилен, но дека сè уште може да има епизоди на треска и висока температура. Според него, добро е што пациентот навреме се јавил на преглед и се очекува лекувањето да помине во ред.

Со пациентот патувала и неговата сопруга, која засега нема симптоми. Од Клиниката смируваат дека нема простор за паника, но потсетуваат дека вакви случаи не се невообичаени во летниот период, кога граѓаните патуваат во тропски земји.

Маларијата е сериозно паразитарно заболување што најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец. Светската здравствена организација наведува дека првите симптоми најчесто се температура, главоболка и треска, а обично се јавуваат 10 до 15 дена по инфекцијата.

Лекарите предупредуваат дека најважна е брзата реакција. Ако некој се врати од тропско подрачје и почувствува висока температура, треска, омалаксаност, главоболка или болки во мускулите, треба веднаш да се јави на лекар и да каже каде патувал.

Случајот не треба да создаде паника, но е важно предупредување за сите што летово патуваат на егзотични дестинации. Тропскиот одмор не завршува секогаш со куферите на аеродром. Понекогаш симптомите се појавуваат дури по враќањето, а тогаш најважно е да не се чека.

Најчитано