Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Туризмот во 2023 оствари рекорден прилив од 598,5 милиони долари

„Рекорден туристички прилив од 598,5 милиони долари за 2023 година во македонската економија“, напиша на својот фејсбук профил поранешниот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Јаневски потсетува дека во 2017 година приливот од туризам во земјата изнесувал 327,05 милиони долари, за да достигне речиси 600 милиони долари во 2023 година со што се реализираа сите повлечени стратешки потези во короната и во изминатите шест години.

Јаневски им изрази благодарност на сите туристички работници кои веруваа во една визија и застанаа рамо до рамо за нејзината реализација со што докажаа дека државата се сака со секојдневни победи на секое поле на индивидуално и колективно ниво.

Зачлени се на нашиот е-билтен