Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто отвори училиште во Хрватска финансирано од Унгарија

 Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто отвори ново основно училиште во хрватскиот град Петриња, чие реновирање го финансираше Унгарија по разорниот земјотрес во централна Хрватска во 2020 година, објави хрватската национална телевизија ХРТ.

Реновирањето на уништената зграда чинеше 21 милион евра.

Новата зграда на Првото основно училиште во Петриња е завршена во 2023 година, а учениците наставата во неа почнаа да ја следат во јануари годинава.

„Сакам ова реновирано училиште да стои овде како симбол на пријателството меѓу Унгарците и Хрватите, меѓу Унгарија и Хрватска. Тоа е доказ дека не постои такво нешто како природна катастрофа што може да ни ја одземе иднината и нашата вера“, коментира Сијарто.

Тој додаде дека Унгарија донираше околу 154.000 евра за основното училиште во градот Тополовац, околу 1,93 милиони евра за нова црква во градот Сисак и речиси 21,17 милиони евра за училиштето во Петриња.

На свеченото отворање на училиштето присуствуваше и хрватскиот министер за наука и образование Радован Фукс. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира