Вчера за осум часа казнети 113 возачи на мотоцикл во Скопје

Министерството за внтрешни работи инфомира дека вчера (02.05.2026) во периодот од 12:00 до 20:00 часот на подрачјето на град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги чинат возачи на велосипеди со помошен мотор, трицикли, четирицикли и мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи.

Од нив четири возачи се санкционирани поради управување мотоцикл со несоодветна категорија,

17 санкции се изречени за возачи кои управувале велосипед со помошен мотор без возачка потврда, 

45 мерки за возачи без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење на сообраќајна дозвола, две санкции за движење по несодветна површина, две мерки за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати прекршоци.

За време на акциската контрола еден возач на мотоцикл е лишен од слобода по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување возило.

Зачлени се на нашиот е-билтен