Осум лица се хоспитализирани по тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница. Во верижниот судир учествувале четири автомобили.
Еден од повредените, поради сериозноста на повредите, веднаш бил внесен во операциона сала. Шест пациенти се задржани на Одделението за хирургија, а двајца се хоспитализирани на ортопедија. Останатите повредени се во стабилна состојба и се под постојан лекарски надзор.
По пријавувањето на несреќата, на местото пристигнале екипи на СВР Битола, Итната медицинска помош и Територијалната противпожарна единица. Пожарникарите ја обезбедувале локацијата, но и покрај силниот судир, не избувнал пожар во ниту едно од возилата.
Сообраќајот на патниот правец Битола – Прилеп е во целосен прекин во двата правци од 9 часот. Засега нема информација кога делницата повторно ќе биде отворена за сообраќај.
Полициски екипи и надлежен јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата. Причините за верижниот судир ќе бидат познати по завршувањето на увидот и анализата на трагите.
