Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ВИДЕО) Американската амбасадорка Агелер ја започна својата изјава зборувајќи на македонски јазик

Aмбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска остварија работна посета на Граничниот премин „Богородица”.

По посетата Спасовски и Агелер дадоа изјави за медиумите, а во оваа прилика Агелер зборуваше на македонски јазик. Таа ја започна својата изјава на македонски, а потоа продолжи на англиски јазик.

Агелер изрази гордост и задоволство од исклучителната соработка меѓу САД и Република Северна Македонија, за позитивните и видливи резултати од таа соработка, за што упати благодарност до министерот Спасовски. Таа потенцираше дека изминативе неколку години, од 2016 година наваму вложени се околу 4 милиони долари како поддршка на граничната безбедност, а меѓу нив е и опремата од боди камери, кои се алатка во борбата против корупцијата. Притоа, амбасадорката Агелер честитајќи му на министерот Спасовски за одличната работа на македонската полиција, потенцираше дека Амбасадата на САД е силен партнер на МВР, а соработката ќе продолжи и во иднина, бидејќи истата е критична за просперитетот на земјата.

Анџела Агелер ја презеде функцијата амбасадорка на САД во Северна Македонија на 8 ноември 2022 година кога ги предаде акредитивните писма на претседателот Пендаровски. И тогаш дел од настапот на новата американска амбасадорка беше на македонски јазик. (Бриф)

Треба да знаете
Moже да ве интересира