Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Русија започна судењето на американскиот војник Гордон Блек

Американски војник уапсен во Русија под сомнение за кражба, наредник. Гордон Блек се појави на суд во рускиот град Владивосток

Блек не ги призна обвиненијата за закана дека ќе убие Русинка, но делумно ја призна вината за обвиненијата за кражба, јавува руската државна новинска агенција РИА Новости, пренесува Си-Ен-Ен.

Блек беше уапсен во мај под обвинение за кражба во Владивосток, каде што отпатувал да ја посети жената за која се верува дека е неговата девојка. Тој е обвинет дека и украл 10.000 рубљи (околу 112 долари) кога ја посетил Русија во април, откако се сретнал со неа во Кореја, објави државната новинска агенција ТАСС. Американскиот војник дополнително ја нападнал за време на кавга.

-Тој не беше овластен од американското Министерство за одбрана да патува во Русија и не побара официјално одобрение за тоа кога ја напушти својата единица во Јужна Кореја на почетокот на оваа година, изјави портпаролот на армијата Синтија Смит.

Судењето доаѓа во позадината на зголемените тензии меѓу Вашингтон и Москва, додека беснее руската инвазија на Украина. Во Русија се држат голем број Американци, вклучително и двајца кои американскиот Стејт департмент ги прогласи за незаконски приведени – новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович и поранешниот маринец Пол Вилан.

Треба да знаете
Moже да ве интересира