Долги колони попладнево има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“.
Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа.
Колоните од автомобили, автобуси, кампери и мотори се протегаат со километри во меѓуграничниот простор.
Во спротивен правец, односно за влез во Грција нема подолги задржувања, како што имаше утрово.
