Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Земјотрес од 6,4 степени според Рихтер на границата меѓу Мексико и Гватемала

 Силен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди пограничниот регион меѓу Мексико и Гватемала околу шест часот утринава по локално време, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 75 километри во близина на мексиканскиот пограничен град Сучиата, каде што истоимената река ги дели двете земји, пренесува Бета.

Во моментов нема извештаи за штети, но не се исклучува, бидејќи планинските пооддалечени делови на границата се подложни на одрони и свлечишта.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново