Зголемена е фреквенцијата на возила на патиштата низ Македонија утрово, но на граничните премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Возачите се предупредуваат на можни одрони на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На патот Кичево – Охрид, поради изградбата на автопатот, сообраќајот на повеќе места се одвива по девијации и со поставена привремена сигнализација.
Бидејќи денеска е петок, од 17 до 22 часот ќе важи и летната забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони на државните патишта. Летниот режим важи до 31 август.
АМСМ препорачува приспособена брзина и внимателно возење, особено низ котлините, речните долини и клисурите.
