„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг кој имал увид во мемоарие на Ангела Меркел кои денеска се објавени на повеќе јазици во повќе од 30 земји.
Во книгата има посебно поглавје за Западен Балкан. Но, има само еден жив политичар од Западен Балкан кого Меркел експлицитно го споменува во своите мемоари од над 700 страници.
Во балканското поглавје Меркел не ги спомнува ниту Александар Вучиќ, ниту Еди Рама, Бојко Борисов или Борис Тадиќ.
Меркел, забележува Мартен, избрала во нејзините мемоари не е да пишува негативно за политичарите на кои таа не им се допаѓа или не им верува и прилично целосно ги игнорира таквите политичари.
Во таа насока таа не ги ни споменува поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис и многу други.
На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува „храбар и решителен“, пишува Мартенс