Парламентарни избори во Бугарија: ЦИК- до 11 часот излезноста 8,97 отсто

Портпаролката на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК) Росица Матева на првиот брифинг со новинарите на денешните петти парламентарни избори во земјата во последните две години изјави дека заклучно со 11 часот (10 часот по средноевропско) излезноста на гласачите во земјава изнесувала 8,97 отсто, јави БТА.

Најголем одѕив на гласачите има во Монтана – 14,07 отсто, а најмал во Пловдив – 6,16 отсто.

Во 11 часот на предвремените парламентарни избори на 2 октомври минатата година излезноста изнесуваше 8,89 отсто или 586.898 гласачи.

Според податоците на ЦИК, до 11 часот сега гласале 591.635 од вкупно 6.594.593 гласачи.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?