Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европол: Во Европа уапсени 22 лица кои се занимавале со нелегална трговија со оружје

Полициските сили од 31 земја спроведоа операција предводена од Романија и Бугарија, а насочена кон лица осомничени дека купувале оружје од луѓе вклучени во илегалната трговија со оружје.

Во рамките на акцијата претресени се 143 куќи, уапсени се 22 лица, запленети се 129 парчиња оружје и поголема количина муниција.

Оваа операција, позната како Конверсус, ја водеше романската национална полиција како дел од Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани (EMPCT). 

Повеќето од запленетите оружја за предупредување и сигнализација беа модели произведени во Турција пред промената на националното законодавство за нивното производство, соопшти Европол.

Тоа оружје беше увезено во ЕУ и легално понудено на продажба во Бугарија и другите земји-членки.

Меѓутоа, кога е продадено, често е шверцувано преку границите и е претворано во смртоносно оружје во други земји во или надвор од ЕУ.

Операцијата кулминираше со акциска недела координирана од Европол меѓу 20 и 24 февруари 2023 година, во која учествуваа органите за спроведување на законот од 31 земја, заедно со Европравда и Европската комисија

Најново