Министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников денеска ќе биде во посета на Атина, соопшти грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос, говорејќи вчера во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Панајотопулос рече дека претпоставува дека за посетата може да има многу дискусии, многу шпекулации, многу анализи околу тоа зошто доаѓа, што ќе побара, дека можеби Грција ќе испрати воени авиони итн.
Меѓутоа, истакна дека ставот на Атина уште од првиот момент е „јасен и недвосмислен“: го даваат она што можат да го дадат и не даваат ништо што и најмалку би ги ослабело нивните сопствени одбранбени способности.
-Грција нема да испрати „Леопард“ 2А6 во Украина. Има испратено некои БМП, треба да испрати уште некои. Има испратено муниција од различен калибар. Ако имаме можности од вишокот, ќе помогнеме, бидејќи од првиот момент кажавме дека помагаме во секоја борба против секаков ревизионизам, истакна Панајотопуло
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ