Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Граѓаните се гушат, власта не презема ништо против загадениот воздух

Скопјани се гушат во загаден воздух и смог. Со денови Скопје се наоѓа меѓу најзагдените градови во Европа, концентрациите на ПМ честичките се и до 17 пати поголеми од дозволените. Зачудувачки и во исто време загрижувачки е како власта на ДПМНЕ со голема леснотија го игнорира загадувањето и не презема ништо, се истакнува во соопштението на СДСМ денеска.

Во реакцијата уште се посочува:

Загадувањето на воздухот е сериозен проблем кој влијае врз здравјето на луѓето и наместо да ги остава граѓаните сами на себе власта треба итно да преземе сериозна институционална акција за намалување на загадувањето.

Кога беше опозиција ДПМНЕ најавуваше над 1 милијарда евра за инвестиции во чист воздух и намалување на загадувањето за 50%.  Како власт ДПМНЕ сега не презема ништо. Поминаа 7 месеци, мерки против загадувањето нема.  

Дополнително власта ги намали парите за борба против загадувањето на воздухот за 51% а во буџетот 2025 година ги нема ниту еколошките програми кои со години се реализираа успешно.

Ниту еден амандман на СДСМ за еколошоки проекти и зголемување на парите за борба против загадувањето не беше прифатен од страна на власта.

Владата мора веднаш да ги промени своите погрешни политики и да преземе сериозни чекори за справување со загадувањето. Секој ден одложување значи уште повеќе загрозено здравје, загрозени животи на нашите сограѓани.

Зачлени се на нашиот е-билтен