(ВИДЕО) Вулин се јави од Москва: Не избегав никаде

Поранешниот српски министер Александар Вулин се јави од Москва и ги демантираше шпекулациите дека избегал од Србија, по необичното патување во кое неговиот авион претходно се вратил во Белград.

„Не избегав никаде“, порача Вулин во видеообраќање од руската престолнина, објавено на неговиот Инстаграм.

Неговата реакција следува по информациите за враќањето на авионот со кој патувал кон Москва, што предизвика шпекулации за причините за прекинот на летот.

Вулин претходно го опиша необичното патување со зборовите дека спиел во авионот, а кога се разбудил, повторно бил во Белград.

Со новото јавување од Москва, тој потврди дека сепак пристигнал во Русија и ги отфрли тврдењата дека се обидувал да избега од Србија.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?