Отворениот Балкан е добра иницијатива кон која треба да се приклучи БиХ, изјави денеска српската членка и претседавач со Претседателството Жељка Цвијановиќ.
„Не е јасно зошто политичко Сараево го отфрла и има различни ставови за тоа прашање од Република Српска“, рече Цвијановиќ.
Таа посочи дека некои на Отворениот Балкан гледаат, како што рече, „голема Србија“ или „голема Албанија“, што, посочува, е сосема погрешно толкување, пренесе РТРС