Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Околу 180 илјади американци беа принудени да ги напуштат своите домови во Лос Анџелес

Во округот Лос Анџелес сè уште има 179.783 жители под наредба за евакуација, изјави денеска шерифот Роберт Г. Луна.

„Тоа се скоро 180.000 луѓе во округот Лос Анџелес кои моментално се под наредба за евакуација, а уште близу 200.000 жители се под предупредување за евакуација“, рече Луна.

Предупредувањата за евакуација се совети за жителите да се „подготват“ да ги напуштат своите домови веднаш, појасни Си-Ен-Ен.

Шерифот рече дека одбивањето на некои луѓе да ги почитуваат наредбите за евакуација ги става во опасност животите на службениците за спроведување на законот.

„Не можам доволно да нагласам дека ги повикувам жителите од кои се бара да се евакуираат да ги следат нашите предупредувања“, рече Луна.

Зачлени се на нашиот е-билтен