Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Apple и Google казнети за широко користена апликација: Размислете двапати пред да ја инсталирате

Иако ниту една компанија не e директно вклучена во развојот на апликацијата, сепак тие на некој начин се одговорни за достапност на нивните платформи. Токму поради ова тие ќе одговараат пред законот.

Apple и Google, во Бразил се најдоа во „небрано“, поради кршење на приватноста поврзана со популарната, но контроверзна апликација FaceApp. Бразилски судија им нареди на двата технолошки гиганти да платат казни за дистрибуција на апликација која наводно ги искористувала податоците на корисниците без соодветна согласност.

Пред неколку години, FaceApp стана интернет хит благодарение на малку морничавите резултати што ги произведува, а кои ви покажуваат како ќе изгледате кога ќе стареете или ќе ја промените бојата на косата.

FaceApp може да „манипулира“ со лица и овозможува екстремно уредување фотографии, од промена на тонот на кожата и бојата на косата до додавање 20 или повеќе години на вашето лице. Меѓутоа, веќе некое време е јавна тајна дека апликацијата ги краде корисничките податоци искористувајќи ја дупката во договорите.

Нарушувањето на приватноста на корисниците ги принуди регулаторите во Бразил да преземат мерки против апликацијата. Судијата Даглас де Мело Мартинс рече дека бразилскиот закон забранува масовно и неправилно собирање лични податоци без согласност.

Всушност, проблемот е што не постои превод на повеќето правни термини на португалски, иако ништо не е многу појасно ниту во оригиналниот англиски јазик.

Регулаторите ги сметаат Apple и Google одговорни за работата на оваа апликација и двете компании би можеле да се соочат со казни од повеќе милиони долари.

Иако, најверојатно технолошките гиганти ќе се жалат, сепак како и да заврши оваа приказна, се поставува прашањето дали Apple и Google треба да сносат и поголема одговорност за апликациите од „сивата зона“ што ги пуштаат слободно да „шетаат“ во нивниот дигитален простор.

FaceApp, апликација позната по своите иновативни функции за уредување фотографии, како што се ефектите за стареење и трансформациите на лицето, повторно предизвика контроверзии. Иако може да изгледа како безопасна забава, регулаторите во Бразил ја обвинуваат апликацијата за ангажирање во измамнички практики за собирање лични податоци. Со искористување на правните дупки во условите за користење (ToS), апликацијата наводно добива пристап до податоците на корисниците под лажни изговори.

Зачлени се на нашиот е-билтен