Иако стапката на невработеност во ЕУ остана стабилна во ноември 2024 година, жените беа повеќе погодени од мажите. Шпанија, Франција и Германија забележаа најголем број невработени лица, анализара Еуроњуз.
Стапката на невработеност во ЕУ беше 5,9% во ноември 2024 година, што е намалување од 6,1% во ноември 2023 година.
До крајот на 2024 година, речиси 13 милиони луѓе во блокот беа невработени, покажуваат најновите податоци на статистичкиот завод на ЕУ, Евростат.
Шпанија има најголем број невработени лица, со 2,74 милиони. Следува Франција со 2,43 милиони, додека невработеното население во Германија достигна 1,52 милиони.
Во ноември 2024 година, стапката на невработеност остана повисока кај жените отколку кај мажите, на 6,1% и 5,7%, соодветно.
Невработеноста кај младите полнолетни покажува нагорен тренд.
Во ноември 2024 година, повеќе од 3 милиони лица под 25 години беа невработени низ ЕУ. Ова ја доведе стапката на невработеност кај младите на 15,3%, малку повеќе од 15,2% во октомври 2024 година.
Во споредба со ноември 2023 година, невработеноста кај младите се зголемила за 159.000 во ЕУ.
Земјите со најголем број невработени млади се Франција, Шпанија, Германија и Италија.