Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД сакаат да се лидери во креирањето на вештачката интелигенција

Кабинетот на американскиот претседател Џо Бајден денеска објави дека дополнително ќе го ограничи извозот на чипови за вештачка интелигенција (ВИ) за да се обезбеди водечка позиција на САД и група сојузници и партнери во секторот.

„САД водат во вештачката интелигенција денес – и во развојот на вештачката интелигенција и во дизајнот на чиповите со вештачка интелигенција – и од клучно значење е да ја задржиме таа позиција“, рече секретарот за трговија Џина Раимондо.
САД ќе воведат нови ограничувања за извозот на чипови за графички картички (GPU) што се користат во центрите за податоци за тестирање на модели со вештачка интелигенција. Графичките процесори се поврзуваат во „кластери“ за обука на софистицирани модели со вештачка интелигенција.

Најчесто се користат во игрите, а имаат примена и во вештачката интелигенција благодарение на нивната голема моќ и симултаната обработка на различни категории на податоци.

САД одлучија да го ограничат нивниот извоз.
Група од 18 земји сојузнички и партнери ќе имаат неограничен пристап до таа категорија чипови, се вели во соопштението на Белата куќа.
Групата ги вклучува Австралија, Белгија, Велика Британија, Канада, Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Јапонија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска и Тајван.

Компаниите со „високи безбедносни стандарди“ и седишта во повеќето други земји ќе можат да побараат статус на „проверен краен“ корисник и да купат „компјутерска моќ еквивалентна на до 320.000 софистицирани графички процесори“ во следните две години, се вели во соопштението.

Дури и компаниите што не го обезбедуваат тој статус и немаат седиште во сојузничката група ќе можат да купат компјутерска моќ, но со ограничување до 50 илјади софистицирани графички процесори по земја. 

Зачлени се на нашиот е-билтен