Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сите чекаат на одлуката на Илире Даути дали самата ќе даде оставка или ќе биде разрешена

Се уште не се знае дали претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути ќе биде разрешена или самата ќе даде оставка од функцијата по петочната изгласана интерпелација против неа поднесена од пратеничката група на Левица. Преостанува за нејзината судбина да одлучи собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата откако вчера претседателот на Собранието Африм Гаши преку соопштение информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓија Сајкоски во изјава за МИА вчера нагласи дека Комисијата не е надлежна самата да презема чекори и оти чека следни чекори од пратеничките групи. Од пратеничката група на Левица вчера изјавија дека ќе чекаат неколку дена да се произнесе „Европскиот фронт“ од чии редови е Даути и доколку не поднесе самата оставка од фуникцијата, тие до Комисијата за избори и именувања ќе поднесат предлог за нејзино разрешување. Од „Европскиот фронт“ вчера за МИА истакнаа дека Даути ужива целосна политичка поддршка.

Гаши вчера информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути. Како што наведе Гаши, прашањата за разрешувања или оставки се во надлежност на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците. 

Зачлени се на нашиот е-билтен