Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанија, ОАЕ и Италија потпишаа договор за стратешки сојуз за енергија и поврзување на мрежата за дистрибуција на енергија од Албанија кон Италија преку Јадранско Море

Во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби,  владата на оваа земја и владите на Албанија и Италија, денеска потпишаа инвестициски договор за подводно поврзување на мрежата за дистрибуција на енергија од Албанија кон Италија преку Јадранското Море, како и за инвестиции во зголемување на производството од обновливи извори во Албанија.

Договорот, кој од албанска страна го потпиша вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку ги обединува земјите во стратешки сојуз за обновливи извори на енергија. На документот потпис ставихја и Султан Ал Џабер, министер за индустрија и напредна технологија на ОАЕ и претседател на Масдар, и Гилберто Пичето Фратини, италијански министер за животна средина и енергетска безбедност, јави АТА.
На церемонијата на потпишување присуствуваа премиерот Еди Рама, неговата италијанска колешка, Џорџа Мелони, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед, како и претставници на владите на соодветните земји.

– Договорот беше потпишан како дел од настаните на Неделата на одржливост на Абу Даби 2025 (Abu Dhabi Sustainability Week 2025 -ADSW). Претходно, за време на својот говор на самитот, премиерот Рама рече дека договорот ќе послужи за зголемување на капацитетот на Албанија како клучен играч во регионот, врз основа на нејзиното производство на 100% обновлива енергија,  наведува агенцијата.
ADSW е глобална платформа, поддржана од Обединетите Арапски Емирати и нивниот лидер за чиста енергија, Масдар, за справување со најитните предизвици за одржливост во светот преку заеднички дискусии меѓу земјите кои го забрзуваат одговорниот развој и поттикнуваат сеопфатен економски, социјален и еколошки напредок.

Зачлени се на нашиот е-билтен