Ова е младиот човек (18) кој денеска го изврши нападот во училиште во Словачка: Најмалку две лица загинаа

Словачките медиуми ја објавија фотографијата на 18 годишниот ученик кој со нож нападнал соученици и наставник во Словачка.

Портпаролката на словачката служба за итни случаи, Данка Чапакова, за новинската агенција Ројтерс изјави дека„Најмалку две лица загинаа, а едно е повредено“.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е 18-годишен ученик во средното училиште во градот Списка Стара Вес.

Ученикот осомничен за тешко кривично дело е приведен многу кратко по инцидентот“, соопшти полицијата.
„Благодарение на брзото приведување на осомничениот, засега нема непосредна опасност и полицијата презема дополнителни неопходни мерки за обезбедување на безбедноста“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Словачка.

Словачкиот претседател Петер Пелегрини , нападот во Списка Стара Вес го нарече вистинска трагедија и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Зачлени се на нашиот е-билтен