Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тинејџер од Волково тешко повреден при струен удар качен на вагон-цистерна

Седумнаесетгодишно момче од скопско Волково доживеа струен удар додека било качено на вагон-цистерна . По инцидентот, цистерната се запалила, а момчето било пренесено со возило на Итна помош во Ургентниот центар.

„Денеска во 14:55 часот, 17-годишно момче од Волково, кое било качено на вагон-цистерна, доживеало струен удар, при што вагонот се запалил. Повреденото момче итно е пренесено во Ургентниот центар со возило на Итна помош“, соопштија од МВР.

Причините за несреќата засега не се познати, а истрагата ќе треба да ги открие околностите кои довеле до инцидентот. Во минатото имаше слични случаи на тинејџери кои се качувале на вагони, а некои од нив завршија трагично, кога наводно снимале видеа за ТикТок. Се претпоставува дека и во овој случај може да има слична врска, но тоа ќе го потврди истрагата.

Според извори на Телма, момчето во моментов се наоѓа на КАРИЛ и се бори за живот, поради тешките изгореници што ги претрпело.

Зачлени се на нашиот е-билтен