Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уапсени тројца навивачи: За хомофобијата и за кој било друг облик на дискриминација, нема место на стадионите на Премиер лигата

 Англиската полиција уапси тројца фудбалски навивачи поради хомофобични скандирања што можеа да се слушнат од трибините за време на саботниот натпревар меѓу Вулверхемптон и Челзи во Премиер лигата.

Двата клуба, како и Премиер лигата, го осудија таквото однесување на трибините, а домашниот клуб преку системот на комуникација со сопствениците на сезонски билети ги опомена навивачите дека „дискриминацијата и какви и да е повици од ваков тип на трибините“ нема да бидат толерирани.

„Хомофобијата, како и кој било друг облик на дискриминација“, нема место на стадионите, во спортот и во општеството целина. Секој, кој ќе се однесува на овој начин ќе биде предмет на кривична истрага“, соопшти Вулверхемптон. 

Зачлени се на нашиот е-билтен