Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Делови од Скопје без парно греење поради зголемени загуби на вода

Во повеќе делови од Скопје утрово жителите се без парно греење. Од ЕСМ Снабдување информираат дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа е намалена испораката на топлинска енергија. Парно греење нема во делови од скопските населби Ново Лисиче, Аеродром но и во други населени места.

Од ЕСМ Снабдување соопштуваат дека екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија.

Очекувањата се дека за бргу ќе биде нормализирано снабдувањето.


Зачлени се на нашиот е-билтен