Шпанскиот фудбалер Хесус де Мигел почина по судир со голман за време на натпревар

Фото: Estevoaei, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Напаѓачот на шпанскиот второлигаш Тенерифе, Хесус де Мигел, почина денеска на 30-годишна возраст како последица од тешки повреди здобиени при судир со противничкиот голман. Веста за трагичниот исход официјално ја соопшти неговиот клуб.

Трагичниот инцидент се случи во завршницата од првенствениот натпревар меѓу Тенерифе и ФК Андора, одигран во рамките на шпанската Сегунда дивизија.

Де Мигел настрада по директен и силен судир со голманот на Андора, Хесус Овоно, кој истрча надвор од својот шеснаесетник за да интервенира. По инцидентот, судијата веднаш му покажа црвен картон на голманот, а средбата беше прекината за итно да му се укаже медицинска помош на настраданиот фудбалер.

Според информациите на шпанските медиуми, 30-годишниот напаѓач доживеал срцев застој при транспортот со амбулантно возило кон болницата. Иако лекарите успеале првично да го реанимираат, тој им подлегна на повредите изутрината во болнички услови.

Од таборот на Тенерифе изразија длабоко сочувство до семејството и блиските на фудбалерот, истакнувајќи дека клубот и навивачите минуваат низ еден од најтешките и најтажните моменти во својата историја.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?