Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски: Полска ќе и обезбеди на Украина 200 борбени возила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Полска ќе испорача 200 пешадиски борбени возила „Росомак“, а половина од нив ќе пристигнат наскоро, пренесува РСЕ.

Во своето секојдневно обраќање до нацијата на 8 април, Зеленски рече дека Украина исто така очекува Полска да испорача борбени авиони МиГ-29, самоодни минофрлачи и дополнителни проектили наскоро, пренесува украинскиот сервис на РСЕ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше минатата недела во посета на Полска, каде се сретна со претседателот Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки.

Полска е клучна во мобилизирањето на западната воена и политичка поддршка за нејзиниот источен сосед од почетокот на руската инвазија пред повеќе од една година.

Варшава ѝ обезбеди на Украина и директна воена помош, вклучително и борбени авиони МиГ-29, од кои некои пристигнаа во Украина во вторникот. Полска, исто така, е домаќин на околу еден милион украински бегалци.

Зачлени се на нашиот е-билтен