Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Големи загуби на вода се причина зошто скопјани останаа без парно

ЕСМ дистрибуција пред неколку часа информираше дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа дел од потрошувачите почувствуваа намален квалитет во испораката на топлинска енергија.

До прекин во снабдувањето со топлина е дојдено поради дефект кој го лоцирале екипите на ЕСМ Дистрибуција поради дефект на магистрален вод А во општина Центар што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен пренесува Плусинфо.

„Двегодишната тотална негрижа и неодржување на дистрибутивната мрежа од претходното раководство кое несовесно и неодговорно ја раководеше компанијата придонесе за појава на вакви неочекувани дефекти. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод“, вели Петар Милетиќ, директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија.

Во моментов снабдувањето со парно е нормализирано и скопјани за некое време повторно ќе почувствуваат топли радијатори.

Зачлени се на нашиот е-билтен