На денешната прес конференција лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче ја обвини власта за непочитување на механизмите кои постојат и дека за тоа треба да понесат одговорност.
Луѓе умираат вели тој а терапија нема.
„Она по што Клиниката за Онкологија ќе биде запаметена во делот на набавка на терапија додека јас бев министер е што за прв пат добија терапија што дотогаш ја немаа. До 2017 во државава се носеа лекови со паралелен увоз без никаков сертификат за квалитет. Првате реформа беше измена на тој закон за да се донесат лекови со европски квалитет, вели Филипче.
„Со ситем на заштеда беа набавенни нови лекови кои до тогаш ги немаше. И тогаш за прв пат пациенти и пациентки кои до тогаш беа праќани во странство на лекување, почнаа да ја добиваат таа терапија кај нас. Имаше лекови за сите во секое време. Ова што сега се прави, ова што го кажува и директорот на Фондот дека маханизми постојат, но сакаат да го избегнат тој механизам и дозволува да нема терапија на Клиниката е скандалозно од невидени размери. Луѓе умираат како мачиња таму затоа што не сакаат да земат лекови.
Затоа власта треба да си понесе одговорност, рече Филипче.

