Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск предложи Ла Манш, теснецот што ги дели Франција и Англија, да се преименува во „Канал Џорџ Вашингтон“, по првиот претседател на САД.
„Ново име за водите што ги делат Англија и Франција“ напиша Маск на својот профил на социјалната мрежа Х, заедно со објавувањето на географската карта на која преминот е веќе означен со името на Вашингтон.
Во исто време, новиот американски претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која иницира процес за преименување на Мексиканскиот Залив во „Заливот на Америка“. Според документот, од секретарот за внатрешни работи на САД се бара да ги преземе сите неопходни чекори за спроведување на оваа промена во рок од 30 дена.
Трамп ја најави оваа иницијатива уште пред неговата инаугурација, нагласувајќи дека тоа ќе биде дел од новата политика на неговата администрација.