Мицкоски до новинар: Ќе ве повикаат органите ако не кажете кои маркети ги зголемуваат маржите


Премиерот Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција на новинарско прашање што ќе преземе државата против трговците кои наводно преку „специјални договори“ ги зголемуваат трговските маржи на производите за 40 до 45 отсто, инсистираше новинарот да открие за кои трговци станува збор.

Мицкоски потенцираше дека ако новинарот што го постави прашањето не ги каже трговците за кои има сознанија, тоа значи дека прикрива кривично дело и дека ќе го повикаат органите кои се задолжени за тоа, па пред нив ќе каже.

Целиот разговор меѓу премиерот Мицкоски и новинарот прочитајте го на овој линк.

Зачлени се на нашиот е-билтен