Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Избувна голем пожар на стадионот на Манчестер Сити пред вечерашниот натпревар во ЛШ

Фото: X/@dchisnalltv

Масивен пожар избувна на стадионот Етихад каде Манчестер Сити вечерва треба да игра со Клуб Бриж во нивниот клучен натпревар од Лигата на шампионите.

Пожар избувнал на штанд пред стадионот на Манчестер Сити непосредно пред да пристигнат играчите за натпреварот од Лигата на шампионите против Бриж.

Видеата покажаа големи пламени јазици и чад што доаѓа од киоскот, каде се продава клупска опрема, лоцирана во близина на влезот на играчите на стадионот „Етихад“ во средата.

Новите засилувања на Сити, Омар Мармуш, Абдукодир Кусанов и Витор Реис, исто така, требаше да се појават во јавноста во близина, но настанот беше откажан како резултат на пожарот.

Пожарникарите го изгаснале пожарот, но мирисот на чад останал во воздухот некое време потоа додека поддржувачите чекале да бидат пуштени внатре.

„Екипите брзо пристигнаа на местото на настанот. Пожарникарите кои носеа апарати за дишење користеа две макари на цревото за да го изгаснат пожарот, тие моментално ги пригушуваат сите жаришта и ја прават областа безбедна“, соопштија од пожарна и спасувачка служба на Манчестер.

Нема пријавени повредени.

„Безбедноста на сите присутни на натпреварот вечерва е наш главен приоритет, и затоа сите настани планирани за прием на Западната трибина се откажани, вклучително и настанот за добредојде за новите играчи и пристигнувањето на првиот тим“, се вели во соопштението на Сити.

УЕФА соопшти дека нема да има одложување на закажаниот почеток од 21 часот за натпреварот кој Сити треба да го добие за да обезбеди пласман во плеј-офот за осминафиналето.

Зачлени се на нашиот е-билтен