Новиот американски државен секретар, Марко Рубио истакна дека претседателот Доналд Трамп е сериозен во намерата да го купи Гренланд.
Ваквата изјава доаѓа откако Данска започна кампања потресена од заканите дека САД сакаат да ја преземат автономната данска територија.
Рубио во интервју истакна дека САД нема да користат воена сила против Данска, сојузник во НАТО, но исто така кажа дека Трамп не се шегува во намерите да го преземе Гренланд.
„Претседателот Трамп објави она што има намера да го направи, а тоа е да го купи“, изјави Рубио за радиото SiriusXM.
„Ова не е за стекнување земјиште заради стекнување земјиште. Ова е наш национален интерес и треба да се реши“, рече Рубио.
Осврнувајќи се на гаранциите на НАТО за Данска, Рубио рече: „Ние имаме договор за одбрана со нив за да го заштитиме Гренланд доколку биде нападнат“.