Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денеска апелираше за „огромна меѓународна поддршка“ за Сомалија, земја од Рогот на Африка, што е погодена од исламистички бунт и невидена суша.
-Овде сум и да ја истакнам потребата од масовна меѓународна поддршка: потребна е голема меѓународна поддршка поради хуманитарните тешкотии со кои се соочува земјата, рече Гутереш на заедничката прес-конференција со сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд.
Генералниот секретар на ОН додаде дека е потребна огромна хуманитарна поддршка за зајакнување на безбедносниот капацитет на Сомалија и за поддршка на стабилизацијата и развојот на земјата.
Гутереш утрово пристигна во Могадишу во кратка „солидарна посета“ по повод светиот месец Рамазан.
За време на посетата, се очекува генералниот секретар на ОН да се сретне со политичките актери и да посети камп за раселени лица, објавија локалните медиуми.