Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Илон Маск споделува лажни видеа за УСАИД направени од Руси

Американскиот милијардер Илон Маск, сопственик на платформата X и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, сподели лажно видео во кое тврди дека американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) финансирала холивудски ѕвезди за да ја зголеми популарноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според украинскиот весник united24, во видеото се спомнуваат неколку американски познати личности кои ја посетиле Украина и наводно добиле исплати од повеќе милиони долари од УСАИД за „да ја зголемат популарноста на Зеленски меѓу странската публика, особено во Соединетите Американски Држави“, се тврди во видеото.

Меѓу споменатите имиња се Анџелина Џоли, Жан-Клод Ван Дам, Орландо Блум, Шон Пен и Бен Стилер, како и наводните исплати што ги добивале.

„Самите познати личности изјавија дека тоа е лага и дека УСАИД никогаш не им платил. Видеото е направено од Руси, а медиумот наведен како извор [E! News] воопшто нема таква вест“, напиша Андриј Коваленко, шеф на Центарот за борба против дезинформации, на својот канал на Телеграм.

Зачлени се на нашиот е-билтен